Модернизација на железнички делници

Bez autora
Sep 04 2012

Деновиве ќе почнат градежните активности за модернизација и ремонт на железничката делница од Коридорот 10 и тоа од Табановце - Куманово - Карпош во должина од 13,3 километри, за што Владата на РМ обезбеди 4 милиони евра. Во исто време ќе започнат градежни работи за модернизација и ремонт на железничката делница Миравци - Смоквица од Коридорот 10 во должина од 13,1 километар и за неа ќе бидат исплатени три милиони евра. За двете делници избран е изведувач на градежните работи, станува збор за конзорциум од реномирани компании од Австрија и Германија. Во согласнсот со договорот, целата активност за модернизација на двете железнички делници во вкупна должина од 26 километри треба да биде завршена во 2013 година.

Модернизација на железнички делнициДеновиве ќе почнат градежните активности за модернизација и ремонт на железничката делница од Коридорот 10 и тоа од Табановце - Куманово - Карпош во должина од 13,3 километри, за што Владата на РМ обезбеди 4 милиони евра.

Во исто време ќе започнат градежни работи за модернизација и ремонт на железничката делница Миравци - Смоквица од Коридорот 10 во должина од 13,1 километар и за неа ќе бидат исплатени три милиони евра.

Како што информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, за двете делници избран е изведувач на градежните работи, станува збор за конзорциум од реномирани компании од Австрија и Германија.

- Во согласнсот со договорот, целата активност за модернизација на двете железнички делници во вкупна должина од 26 километри треба да биде завршена во 2013 година - рече Ѓорѓиев.

Владата обезбеди и средства за реконструкција на железничката делница Згрополци - Ногаевци која е исто така дел од Коридорот 10 во износ од 10 милиони евра.

Ѓорѓиев информира дека во текот на септември ќе биде распишана постапка за избор на изведувач на градежни работи за модернизација и ремонт и на оваа делница која е во вкупна должина од 28 километри.

- Со овие активности ќе бидат модернизирани и ремонтирани 54 километри од железничката пруга на Коридорот 10 за што Владата во соработка со ЕБОР обезбеди средства во висина од околу 17 милиони евра кои ќе ги лоцира за оваа намена - посочи Ѓорѓиев.

Владата одлучи да почне и проект за обезбедување нови и современи возни средства за железницата за што се обезбедени 50 милиони евра во соработка со ЕБОР. Ѓорѓиев рече дека планирано е да се набават нови четири дизел-моторни триделни патнички гарнитури, две триделни патнички електро-моторни гарнитури, 150 товарни вагони од различни типови, како и да се изврши реконструкција на пет-шест електро-локомотиви.

Ѓорѓиев информираше дека Владата усвоила и прецизен Акционен план за реализација на оваа дејност и веќе е во тек постапка за избор на консултант кој ќе и помага на МЖ Транспортт АД во целокупниот процес на кој 12 фирми доставија понуди и во тек е евалуација на понудите. Во октомври треба да се избори економски оператор и да се склучи договор.

- Потоа, МЖ Транспортт во соработка со консултантите треба да ја подготват документацијата за постапката за избор на производител на патничките гарнитури и товарните вагони. Во 2013 година треба најпрвин да се распише постапка за избор на производител, а потоа и да се склучи договор со производител кој ќе ги изработи и предаде средствата од возниот парк - подвлече Ѓорѓиев.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik